МИЦКОСКИ:Во економијата цунами, во општеството национален колапс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога знам дека она што го зборувам е вистина и кога знам дека аргументите се на моја страна, тоа ме мотивира. Опстојувањето на оваа влада во Собранието е резултат на бројки, пазарења и концесии, а не е резултат на реалното расположение кај граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Република.

Премиерот Заев рече дека ќе имало реконструкција до крајот на месецот, очекувате ли зајакнување на капацитетите?

Мицкоски: Кога дрвото е на накриво засадено, накриво и ќе никне. Знаат дека оваа влада е неспособна и затоа ќе се обидат со реконструкција да купат уште некој период, но проблемот е далеку посериозен. Најавуваат дека ќе направеле реконструкција во владата, со изговор дека ќе внеле нова енергија. А од што се преморија? За 10 месеци што сработија? Ништо, големо. Ништо. Ако ова до сега што го правеа за нив е работа, како изгледа кога не работат!? Ако не си поднесе оставка некој министер, нема ни да знаеме дека е министер. Од друга страна, го слушам премиерот Заев како отворено, ноншалантно, си кажува дека главната причина за реконструкција било зголемување на парламентарното мнозинство, или со други зборови пазар за функции и места, а не со цел реално подобрување на нивното функционирање. Обична шминка зад која стои договор за позиции. Ништо друго. А додека тоа се случува имаме национален колапс. Се измисли закон за јазици. И што се доби?! Поделба на граѓанското ткиво, се направи поделба, не втурнуваат во табори, не двојат, прават граници и подигаат вештачки ѕидови само за да се доброволат нивните кариери. Во економијата цунами, во општеството национален колапс.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This