МИЦКОСКИ: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не го оправдува бегството на неговиот претходник Никола Груевски, посочувајќи дека одговорноста за овој случај треба да се бара кај власта, која не ги превземала сите соодветни мерки да го обезбеди екс-премиерот

„Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со случајот Груевски.

Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски. Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка. Оваа земја има поголем проблем, тоа е криминалната власт на СДСМ која мора да се спречи.“ – соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This