МИЦКОСКИ: Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја кои низ вековите наназад придонесувале за нашата Татковина, за нејзината изградба и просперитет, што несомнено е влог и за нејзината иднина. Влашката етничка заедница во Македонија и целата нивна култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое било и ќе биде втемелено на меѓусебното разбирање и взаемна почит како вековни принципи по кои живееме на овие простори.

Ова го пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својата честитка по повод Националниот празник на Власите.

Неговата честитка ја пренесуваме во целост:

Придонесот на Власите во Македонија е вреднуван и должен за почит. Тоа е основата на нашата заедничка борба за подобра иднина на сите наши деца да продолжи во борба за напредна и европска Македонија како правна држава со подеднакви можности за сите нејзини граѓани, но пред се перспективна и економски развиена.

Власите денес, исто како и сите наши сограѓани ја споделуваат тешката судбина на мачното секојдневие исполнето со неизвесност, несигурност и нарушен стандард. Денес живееме во поделено општество каде разликите во стандардот, поларизацијата, конфликтноста и неправдите стануваат кочница за напредокот. Имаме ерозија на вредносниот систем, а власта нема чувство за основните потреби на поединецот. Криминалот и корупцијата ја одземаат перспективата и го разјадуваат општеството. Ова мора да се смени, а тоа зависи од сите нас.

Нашиот сон може да биде вистина само со посветеност, работа и заедништво, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобро утре на сите во Македонија, вклучително и за Власите.

Нека е честит и вековит 23 мај, Националниот празник на Власите. Нека е вечна Македонија!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This