Мицкоски: Влacтa e тaa штo збopи зa штeлyвaњe нa бpojки нa eтнички зaeдници, тиe фopcиpaат eтнички тeми и го пoлитизиpaa пoпиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг зборуваше за пописот за кој власта неодамна изгласа и закон во Собрание, обвинувајќи ја власта дека штелува бројки на етнички заедници.

„Излегува поранешен министер, сега пратеник во парламентот кој што вели дека ако не бидеме ние како албанска етничка заедница 20 проценти или најмалку 20 проценти, тогаш не го прифаќаме резултатот, за да вчера излезе или завчера не знам претседателот на таа политичка партија Али Ахмети и да каже не 20 туку 25, тоа е прагот сега. Се што е под 25 не се прифаќа, рече Мицкоски.

Тој меѓудругото додаде дека:

„Повторно се заострува јазикот во јавноста, повторно се прави етноцит. Зошто? Затоа што денеска наместо ние да се стремиме кон Европа , бидејќи главните ресори ги држи таа политичка партија кои што треба нас да не однесат кон Европа и европските вредности, министерство на Надворешни работи, Економија и Финансии, ние повторно злоупотребувајќи ги чуствата на нашите сограѓани, форсираме етничка политичка јавност. Ама тоа ги повредува чуствата на другите етникуми и создава недоверба. Наместо да зборуваме колку луѓе ги изгубија животите поради неспособноста на власта да се справи со пандемијата. Зошто и македончиња и албанчиња и турчиња и ромчиња, босанчиња…буквално во тие 20 илјади не можат да следат онлајн настава. Зошто земјоделецот без ралика дали е македонец, албанец, турчин, влав, бошњак, србин и така натаму денеска нема гарантиран откуп. Ене појдете во Долнени таму има различни етникуми, тутунот остана непродаден, остана во амбарите да скапува или тоа што се продаде се продаде по багателна цена ? Зошто не отпочнуваме преговори, зошто има криминал, зошто има корупција и невладеење на правото, тоа не бира етникум, тоа се нашите проблеми. Е сега, тоа е картата на која они одлучиле да играа, повторно поларизацијаб по етничка основа што е катастрофално. Се обидуваат повторно да играат на емоцијата националистичка за да они уживаат привилегии потоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This