Мицкоски ги постави црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на нова Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мицкоски потврди дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е во трка за формирање на влада, но дека неговата партија нема да прифати власт по цена на принципите и вредностите врз кои почива Македонската држава.

На седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознаваме, станало збор за можните комбинаторики за идно коалицирање. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластило лидерот Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство. Мицкоски во обраќањето пред членовите на ЦК изјавил дека ќе направи се што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но не и власт по секоја цена.

„Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме, а врз кои почива идејата за ВМРО и современата македонска држава“ – изјавил Мицкоски.

Расправата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ е во тек, а се разгледуваат повеќе точки на дневен ред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This