МИЦКОСКИ ГО ПРОСЛАВИ ИЛИНДЕН МЕЃУ НАРОДОТ: За возврат доби срдечни поздрави и поддршка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најголемиот семакедонски празник 2-ри Август, Илинден го прослави помеѓу народот во селото Ташмаруништа на традиоциониот народен собир, односно на 70-тета Културна манифестација Илиден со која се чествуваше верскиот и државниот празник 2-ри Август. Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание.

Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со граѓаните и поддршката која тој ја доби од локалното население при посетата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот официјален Фејсбук профил истакна дека Илинден е најважниот камен-темелник на Република Македонија, а бајракот на слободна Македонија е развеан и враќање назад нема.

– Илинден е најважниот камен-темелник на Република Македонија врз кој е изграден нашиот заеднички дом на сите нас, на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати. Тоа што е втемелено пред 115 години никој не може да го избрише затоа што и тогаш, а и сега важи истата парола БАЈРАКОТ НА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА Е РАЗВЕАН И ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, напиша Мицкоски на својот Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This