МИЦКОСКИ: Заев сака брзи избори каде наместо гласови ќе броиме жpтви од коpoната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека на последната лидерска средба Зоран Заев наместо да води грижа за здравјето на граѓаните, тој лиферува со можни датуми за брзи избори, обвинyвајќи го Заев дека наместо да брои гласови ќе брои човечки животи.

Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам. Но, она што беше за мене зачудувачки е фактот што од самиот почеток на таа лидетска средба Зоран Заев лиферува со датуми и цело време зборуваше за датуми додека сите останати практично зборуваа за здравјето на граѓаните. За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14 јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи. И тоа навистина предизвикуваше вчудоневиденост кај останатите, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгyбен човечки живот, тогаш тој одбивa да биде идниот мандатар на владата

Доколку цената е дури и 1 изгубен човечки живот тогаш јас одбивам да бидам дел од процедурата и на тој начин да бидам идниот мандатар на владата, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This