МИЦКОСКИ ЗАЕДНО СО СОПРУГАТА НА МИСА ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Католичкиот Божиќ на сите верници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијаните католици денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик. На свечена миса во Католичката црква „Срце Исусово“ во Скопје присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва заедно со сопругата присуствуваа на Светата литургија по повод Католички Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Мицкоски по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, упати и честитка до католичките и протестантските верници во Македонија.

-Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови. Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските. Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството, стои во честитката од Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија и се додава:

„Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок. Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови“.

Исто така Мицкоски го честита Божиќ на верниците од Евангелско-протестантските цркви во Република Македонија, со желби за радост, љубов и среќа во нивните домови.

Инаку, хритијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, го слават Божиќ на 25-ти декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This