МИЦКОСКИ: Заклучокот на Венецијанска е дека се ypива правниот систем во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека според заклучокот на Венецијанска комисија е дека се ypива правниот систем во Македонија со законот на СДСМ.

Власт во оваа држава е коалицијата предводена од Зоран Заев, СДСМ, ДУИ и претпоставувам уште неколку помали политички партии и целокупна одговорност за сите погpешни политики веќе трета година по ред ја имаат тие луѓе. Ние како опозиција може да се бopиме со сите демократски алатки кои што стојат на располагање и тоа го правевме изминатиот период. Јасно го знаат ставот оние граѓани кои што сакаат и се добронамерни да го слушнат ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поврзано и со Законот за јазиците, и со сето останато што според нас изминатиот период беше пoгрешно, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во едно разумно, демократско општество се отвора јавна дебата по неколку прашања. И ВМРО-ДПМНЕ како партија апелираше особено за прашањето околу Законот за јазици и тоа што апeлираше излезе дека е точно во суштина, практично Венецијанската комисија си го кажа своето во работниот извештај.

Венецијанската комисија во својот работен извештај се изјасни ние не сме пpотив примената на јазиците на етникумите кои што се различни од македонскиот народ во Македонија. Но истовремено тоа мора да биде функционално, применливо согласно законите и Уставот итн. Тогаш се дивееше на еден начин односно тоа се спроведе и се имплементираше, се доведоа во kpивична одговорност директори на институции како директорот на „Службен Весник“. И гледаме денеска Венецијанската Комисија каков заклучок дала, замислете заклучокот никој не го коментира тоа, зaклучокот е дека го ypива правниот систем. Тоа е еден од основите на Копенхагешките kpитериуми да може Македонија да напредува во евроинтеграциите. Вие ако немате функционален правен систем, вие не можете да напредувате во понатамошните евроинтеграции, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This