April 27, 2024, 10:41 am

МИЦКОСКИ ЗА „СЛУГИТЕ НА ЗАЕВ“: Оние поранешни функционери на ВМРО кои се богатеа на грбот на партијата денес се слуги на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова што сега се случува е режиран прогон и атак врз ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ им смета им пречи. Затоа што се додека ВМРО-ДПМНЕ постои, постои дамакловиот меч врз нивните криминални глави и знаат дека кога тогаш казната ќе ги стигне, правината ќе ги стигне, правото ќе ги стигне, ова вчера на 27 конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

-И тука зборам не само за овие од власта, овој прогон ги опфаќа и оние кои се богатеа на грбот на партијата, а сега се најблиску до скутот на Заев и уценети и притиснати прифатија да бидат негови слуги. И овие луѓе мислат дека со некоја загубена битка ќе ја освојат војната, но треба едно да знаат дека не планирам заедно со вас да изгубам ниту една битка, а за војната треба да знаат дека заедно ќе ја победиме војната, заедно со народот на Македонија. Вака како што стојат работите овие луѓе, притиснати и уплашени може да му прават услуга на Заев, но никако на ВМРО-ДПМНЕ. Тој стокхолмски синдром е сериозно изразен кај многу луѓе кои во минатото се удираа во гради, запоседнуваа функции. И во таквата вљубеност на жртвата во киднаперот сакаат освен себе си да го повлечат и ВМРО-ДПМНЕ. Нема да може со тие куршуми браќа и сестри. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, досега не го излагав и не го извалкав името на ВМРО-ДПМНЕ така и ќе продолжам и во иднина. А жестоко, жестокоќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат во таа намера. Затоа што на крајот ВМРО-ДПМНЕ му припаѓа на народот, а тој е вистинскиот сопственик на оваа држава, а неговата волја е последна и главна насока во нашите политики. А овие ситни слуги на Заев полека но сигурно, трајно ја загубија својата чест, честитост и достоинство, но и брендот ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This