МИЦКОСКИ: Изборите не се пречка за договорот за НАТО, власта да не наоѓа алиби за одлагање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Шења вели дека закажаните предвремени парламентарни избори за 12 април идната година не претставуваат проблем за да може да се ратификува Протоколот за НАТО.

Според Мицкоски во првата половина од декември се очекува собранието на Шпанија да го ратификува овој протокол, додавајќи дека претходно Владата на Шпанија се изјаснила позитивно за членство на Македонија во НАТО.

Од прилика првата половина на декември би требало да биде формирано Собранието во Шпанија и да помина ратификацијата на протоколот имајќи во предвид дека владата на Шпанија позитивно се има произнесено за овој протокол, а потоа доаѓа и последната точка кога треба да се ратификува и во рамките на нашиот парламент како конечна ратификација на протоколот, и рековме ете тоа да биде првата половина на декември, втората половина на декември или првата половина на јануари би требало да пристигне кај нас. Имајќи предвид дека 11 февруари практично ќе се распушти собранието е доволен период за да можеме да имаме една успешна процедура, додаде претседателот Мицкоски.

Мицкоски вели дека доколку тоа не се случи во тој период до распуштање на собранието, тогаш има шанса Собранието да се свика поради итни и неодложни работи, укажувајќи дека нема да биде никаква пречка потенцирајќи дека и на лидерската средба еден од членовите на кабинетот на претседателот кој што е и професор на правниот факултет на тој начин го толкувал законот.

Доколку тоа не се случи во тој меѓупериод имаше од кабинетот на претседателот претставници меѓу кои и член на кабинетот кој што е професор и на правниот факултет кој што даде толкување дека поради итни и неодложни работи може парламентот да се свика, тоа беше пракса и во минатото, се сеќавате кога Зоран Заев сакаше па не сакаше избори, кога беше опозиција. Така што не е пречка и нема да биде проблем доколку во меѓувреме не се случат овие работи, да повторно поради итни и неодложни работи парламентот да се состани, објасни Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This