Мицкоски им порача на градоначалниците – засукајте ги ракавите, промените да бидат видливи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани на локалните избори гласаа за промени. Незадоволни од градоначалниците на СДСМ и нивната да се каже неработа и стагнација на општините, граѓаните решија довербата да ја дадат на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа партијата доби 43 градоначалници во општините низ државата вклучително и на градот Скопје.

Но по 4 години наталожени проблеми, очекувањата се високи, затоа новите градоначалници мора да ги оправдаат очекувањата, но и немаат време за чекање, мора од сам почеток да почнат да работат. Истото го очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој им ја даде довербата тие да бидат кандидатите кои успеаја да стана градоначалници.

Мицкоски вчера одржа прес конференција и состанок заедно со новоизбраните градоначалници на кои им порача дека треба веднаш да почнат да работат за промените да бидат видливи од сам почеток.

Тој им порача дека се што ветиле, треба и да исполнат и да дадат максимален ангажман затоа што СДСМ остава презадолжени општини, затоа потребно е да се вложи многу труд за да се реализира ветеното.

Мицкоски имајќи предвид дека во програмите „Гарантирам” имаше предвидено сериозни капитални проекти, како прво побара од градоначалниците во наредните триесет дена да започнат со активности за реализација на најмалку три капитални проекти од инфраструктурен карактер со кој ќе решат значајни проблеми на граѓаните од тие општини.

– Како второ, мојот совет до нив е да покажат скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои во минатото од нивните претходници во претходниот мандат се злоупотребуваа, а кој самата функција како можност ги носи. Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборувавме, тоа и го мислиме, тоа и го работиме. Веднаш а тоа, апелирам да го направат и оние градоначалници кои што не се од редовите на коалицијата Обнова на Македонија и на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш да се откажат од употреба или злоупотреба на службените возила надвор од службените потреби на општината, како и да нема злоупотреби на средствата на општината за ненаменски трошења како што се ручеци кои што со својата сметка одговараат на нешто друго а на пристојно однесување, рече Мицкоски.

Понатаму тој очекува тие да излезат на терен и да бидат во постојана комуникација со граѓаните и заеднички да учествуваат во решавањето на нивните проблеми.

Тој особено им потенцираше дека секое едно ветување кое е дадено, истото не треба да се заборави и тоа огромна одговорност, затоа што довербата не треба да биде прокоцкана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This