Мицкоски: Мал Шенген не е алтернатива за Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја информираше јавноста дека во Собанието на РМ е изгласана предлог резолуцијата на опозицијата со која се заштитува македонскиот идентитет во преговорите со Бугарија.

Денеска претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама и премиерот Зоран Заев отстварија средба во Скопје каде што се договорија последните детали за иницијативата Отворен Балкан.

На прашање на Инфомакс кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на иницијативата, Мицковски истакна дека Македонија нема алтернатива освен влез во ЕУ.

-Алтернатива за Македонија, покрај полноправно членство во Европската Унија не постои. Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива. Македонија треба веднаш, оваа година да ги отпочне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од 10 години со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артифицијални, вештачки препреки, ние до овој момент не сме отпочнале преговори. Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба ЕУ да го испорача уште оваа година. Следна таква можност е самитот кој што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор дека алтернатива за ЕУ нема, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This