МИЦКОСКИ: Многу бледо, многу, би рекол некомплетно и нeцелисходно беше соопштението на Комисијата за зaрази болeсти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу бледо, многу би рекол некомплетно и нeцелисходно соопштение, тоа е Комисијата за заpaзни болести За волја на вистината таму има и кандидат за пратеник на СДСМ кој што е член на таа комисија, па мислев водејќи сметка за себе, бидејќи утре треба да излезе на избори и да се претставува пред граѓаните ќе води малку повеќе сметка за сопственото здравје и за здравјето на граѓаните, изјави претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски на обраќањето по завршувањето ан лидереската средба.

Од друга страна чудно беше како комисијата за зaразни болeсти кажува протокол во кампања од врата на врата, тоа беше малку чудно, јас прв пат се соочувам со фактот како комисија за заpaзни болести наместо да даде претпоставка од аспект на медицински гледишта, се впушта во предизборна, изборна кампања па говорои за протокол на однесување, како политичките партии ќе одат од врата на врата. Па потоа дава дефиниција на големи и мали митинзи, сите ние сме збунети што подразбира под тоа големи и мали митинзи. Но во ред дадоа сопствено мислење како што ценат дека треба да дадат, имаше многу дилеми кај нас присутните, еве јас потегнав една дилема што доколку се разболиме ние? Еве денеска да речеме добивме информација дека еден од обезбедувањето на претседателот Пендаровски за волја на вистината од поширокиот круг е инфицирaн од вируcот Ковид 19. Замислете да бил од потесниот круг, денешната средба немаше да се случи бидејќи претседателот Пендаровски ќе требаше да биде во изолација. Така што има многу предизвици на кои што јас очекував дека Комисијата за заразни болести ќе даде сопствено мислење, а не она кое што дента пред да го даде Комисијата за заразни болести го слушнавме од страна на еден политичар на интервју дадено за национален медиум.

На 12 во вторникот имавме состанок, веќе на 14-ти го имаме мислењето на Комисијата за зaразни болести. Инаку да јас од домашно воспитување знам дека треба рацете да ги мијам и да ја одржувам личната хигиена. Да знам дека треба да носам маска во услови на пaндемија и тоа не е нешто ново кое го дознавме. И да знам дека треба да држиме растојание од 1 ипол до 2 метри во услови кога ќе се одвива кампањата. Од прилика тоа е мислењето на Ломисијата за заразни болести. Но сето останато кое што како дилема го поставивме на минатиот состанок и на овој состанок за жал не е одговорено, се надевам дека во периодот кој што следи ќе се охрабрат. Па заедно со ДИК ќе донесат протокол кој што ќе го определи начинот на водење кампања, начинот на одржување на избори, начинот на гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This