Мицкоски: Народот е изморен од поделби, младите се отселуваат, затоа ВМРО-ДПМНЕ промовира заеднички патриотизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народот е изморен од поделби, државата ни се празни, младите се отселуваат, затоа во оваа кампања како партија промовиравме заеднички патриотизам, за да ја консолидираме државата, да застане на нозе, да живееме достоинствено, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Добро утро Србија“ на Хепи ТВ, потенцирајќи дека без разлика дали сме Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Египќани ние мора да живееме едни покрај други.

Мицкоски потенцираше дека токму затоа на овие избори ВМРО-ДПМНЕ направи голем чекор и излезе со нов пристап за плуралниот систем во Македонија и предизборно коалицираше со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-На овие избори ние како ВМРО-ДПМНЕ бевме во предизборна коалиција со друга коалиција од албанскиот блок Алијанса за Албанците и Алернатива. Во првиот круг ние немавме кандидати во неколку општини како Гостивар, Тетово, Струга, Дебар и уште неколку, а тие не поддржа нас и дадоа поддршка за кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска која ја поддржувавме и која победи, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека овој нов пристап и тој заеднички патриотизам ни се потребни затоа што дали сте Македонец, Албанец, Србин, Турчин, Бошњак, Ром важно е како живеете.

-Македонија се празни, младите се отселуваат. Јас сум професор на Универзитет и 8 од 9 луѓе кои завршуваат студии одат надвор од државата, младите си одат. Секогаш велам дека солзите на мајката Македонка, Албанка, Србинка исто болат кога ги испраќаат своите деца надвор од државата, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This