Мицкоски на средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Во текот на средбата Мицкоски изрази голема благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава неговата држава за евроинтегративниот процес на Република Македонија. Тој, воедно, се заблагодари за донацијата на вакцини против корона, што после помошта од нашиот северен сосед, е втора поединечна донација на држава – пријател на Македонија.

На средбата беше афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговори на Република Македонија и Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и истото ќе значи реални реформи со помош на европски партнери на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This