МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕУ: Ckaндaлите мopa да имаат пpaвнa paзpeшница ако сакаме влaдeeњe на правото и правната држава

Поврзано

- Advertisement -

Остварив средба со Ангелина Ајкхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Џеновева Руиз Калавера, директор на генерален директорат за добрососедски односи и проширување и Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија – напиша на својот Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Advertisement -

Тој информираше дека се разговарало за актуелната политичка состојба, како и за европската преспектива на Република Македонија.

Потенцирав дека стратешка цел и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е полноправно членство на Република Македонија во европското семејство- напиша Мицкоски.

Понатаму Мицкоски напиша:

Ги информирав соговорниците за високиот степен на корупција како и за криминалните скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ, укажувајќи дека овие скандали мора да имаат правна разрешница доколку сакаме да има владеење на правото и правна држава.

Изразив загриженост и во делот на реформи бидејќи, Македонија има најслаб резултат во полето на реформите кои што се од суштинско значење за понатамошен развој на државата, додавајќи дека оваа владата на СДСМ и Заев немаат капацитет да ги спроведе потребните реформи.

Соговорниците се согласија дека клучен непосреден приоритет и интерес на Република Македонија е започнување на пристапните преговори што е можно побрзо како и понатамошна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со високите европските претставници – нагласи Мицкоски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This