На 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, правдата ќе ја победи непpaвдата која власта денес ја носи во Република Македонија, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром.
-За бадијала ви се новите патики и скапите парчиња гардероба кои ги носите од службените патувања кои што, патем речено, овој народ ги плаќа. Непpaвда е кога на младите ќе им ветувате нови работни места, а денес ако не сте некој 7-ми роднина на Мира дизел, тешко дека ќе успеете да најдете некое работно место. Неправда е кога на студентите ќе им ветувате реформирано образование, реновирани студентски домови, а тие денес ги подготвуваат испитите како во 19-ти век во cyбстандардни услови. Непpaвда е кога ќе ветувате реновирани болници, клиники, 100.000 денари просек плата за докторите, а реалноста е кога сте власт, ќе ги приватизирате овие болници, а 100.000 денари никаде ги нема, па мораат докторите да ги полнат клиниките во Европа, САД, Австралија. Да бегаат од овде, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека неправда е и кога власта ќе ветува повисоки пензии, а тие се намалуваат.