Мицкоски: Нeприфатливо е да примаме многу повеќе бeгалци од Авганистан од побогати држави од нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е неприфатливо и е погрешен потег нашата држава да прима многу повеќе бегалци од Авганистан од побогати држави од нас.
-Навистина сум вчудоневиден со која леснотија се предлага ваков тип политика од страна на Владата имајќи предвид дека богатите скандинавски земји примаат едноцифрен број, дел од богатите балкански земји, Словенија, Хрватска, дел од балтичките земји, Естонија, исто така, прифаќаат едноцифрен број на луѓе, Авганистанци кои практично работеле за владите на тие држави во Авганистан, рече Мицкоски, во вечерашното гостување на ТВ Сител.
Баш би сакал, наведе Мицкоски, да видам една поголема солидарност од страна на побогатите држави во Европа бидејќи една мала држава како Македонија која континуирано е уценувана за да почне да преговара со ЕУ прима по четир-пет, седум, десет пати повеќе бегалци. Тоа, нагласи, е неприфатливо за мене. Додека не видиме пример од побогатите држави во Европа, па и во светот, дека навистина се солидаризираат со маката на тие луѓе тогаш можеме да дискутираме во рамки на нашите можности колку ние можеме да прифатиме и да бидеме добри домаќини, рече Мицкоски.
Прашан кога државава може да се надева на сериозен старт на разговори со Бугарија со оглед на тамошната состојба со изборот на Владата и кога може да има преговори со Европската унија Мицкоски истакна дека во декември треба да се испорача тоа што е ветено, односно на следниот самит да почне процесот на преговори без какви било условувања.
-Нема повеќе потреба за какви било договори и преговори затоа што не разбирам што ќе се преговара или договора со која било идна влада на Бугарија. Нели прашањето со Бугарија е затворено? Што е сега повторно договарање или преговарање, па да зависиме дали некој ќе направел или не Влада, едноставно треба да се испорача тоа што е ветено во декември. Јас разбуирам принцип на консензус, ја разбирам волјата на мнозинството земји членки, но ако навистина таму тие сакат да има почеток на преговори за Македонија, тоа ќе го дозволат на следниот самит во декември без какви било условувања, преговарања и договарања, рече Мицкоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This