Мицкоски од Гостивар: Заеднички патриотизам е кога заеднички ќе ги победиме kpиминалот и kopyпцијата и ќе донесеме инвестиции и отвориме работни места за сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Гостивар истакна дека заврши времето на криминалот и корупцијата кои се симбол на оваа власт и доаѓа времето на нов заеднички патриотизам кој создава нова иднина, инвестиции и работни места за сите граѓани.

– Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, а ние да донесеме развој кој ќе донесе нови работни места, добро платени места, децата дома да си ги задржиме и да не ги полниме фабриките во западна Европа, Америка, Канада и Австралија, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека време е да започнеме да градиме еден нов заеднички патриотизам на 21 век модерен обединувачки, со кој ќе ја победиме заедничката мака, и ќе создадеме заедничка иднина.

– Да покажеме дека на политичарите гласовите не им се загарантирани, туку истите треба макотрпно да работат деноноќно. Тука ќе ја упатам мојата порака до идните градоначалник и советници, дека заврши времето на салонски политичари, скапи службени возила, доаѓа време на народот. Времето е сега на современи народни модерни политичари, чесни кои наместо во кабинетите ќе бидат заедно со народот на улиците, на нивите заедно со земјоделците, во фабриките со работниците и стопанствениците и ќе помагаат на својот народ. Тука нема етничка припадност и вера, тука сме сите исти и обединети, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сето тоа кое го говори за патриотизмот, за победите, за иднината, визијата е содржано во програмите на кандидатите за градоначалници и советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија.

– Таму ќе најдете 14 835 проекти од различни сфери и области, за различни реални потреби на граѓаните, 2000 улици низ цела држава, 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела, изјави Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This