МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖБОГАР И ДАНИЕЛСОН: Власта заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари средба со Директорот на  Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се говореше за актуелните политички случувања, стратешките приоритети на државата како и за реформските процеси клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ги посочи слабите резултати на власта на полето на реформите кои се од суштинско значење за членството на Македонија во Европската Унија.  Мицкоски напомена дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина, информираат од партијата.

Тој посочи дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник.

Мицкоски, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес и токму поради тоа на Македонија и е потребна Влада посветена на реформските процеси.

Соговорниците беа согласни дека Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилност и просперитет на Балканот, а поддршката на Европската Унија е клучна за остварување на стратешките цели на државата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This