МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕПП, ДЕЈВИД МЕКАЛИСТЕР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија Дejвид Мекалистер.

Како што информираат од партијата, на средбата стана збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија членството во Европската Унија и НАТО организациите.

-Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните. Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции но и дека владата има недоволен учинок на тој план што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси, се наведува во соопштението.

Во однос на уставните измени Мицкоски посоци дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This