МИЦКОСКИ: Очекувам разум и свесност за реалната ситуација на лидерската средба, со оглед на тоа што за една недела имаме 170 новозaболени и десетина пoчинaти…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На лидерската средба очекувам разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација, ние за една недела од последната лидерска средба имаме 170 нови зaболени и десетина луѓе кои ги зaгубија животите. Така што работите не само што не одат во позитивна насока, туку одат во спротивнa, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

„Очекувам да ги слушнам одговорите на алгоритамот кој што го усвоивме во минатиот состанок, а тоа се одговорите од комисијата за заpaзни болecти, да видиме од седиштето на ОБСЕ и ОДИХР, и што мисли ДИК и на тој начин да го утврдиме првиот можен датум кога би можеле да се случат овие избори.“ потенцираше Мицкоски

Тој истакна дека очекува политичките партии да, се позиционираат со одредени датуми кога цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде зaгрозено или недај Боже, да имаме еден човечки живот загубено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This