МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ТРАДИЦИОНАЛНА ПРОСЛАВА ЗА 2.АВГУСТ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 2.август на традиционална прослава во струшко Ташмаруништа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што брифираат од партијата за „Република“ за Илинден ќе присуствува на традиоциониот народен собир во Ташмаруништа Струшко.Таму традиционално ќе се оддржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 Август.

Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание. Всушност и непосреден повод за почетокот на ова одбележување, и за самото основање на Културната Манифестација „ИЛИНДЕН“ се настаните кои се одиграле во овој регион, при што битката кај селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание, во кое учествувале четите од с.Ложани и с.Драслајца, и кои се едни најзначајните операции. Ова одбележување имаше цел толку да потсети на тие трагични моменти кога загинуваат речиси сите востаници, а селото Ташмаруништа е опожарено и опустошено. Но таа слободарска илинденска традиција продолжува и по Втората светска војна, при што едни други поколенија борци конечно успеаја да го реализираат сонот на претците.

Инаку војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум за време на стража со турската војска.

Одбележувањето на 2 Август во Ташмаруништа ќе биде прославено со повеќедневни активности, каде најчесто се собираат граѓани од целиот струшко охриудски регион, како и македонски иселеници. Свое присуство најавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, а висока партиска делегација ќе присуствува и на Мечкин Камен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This