Мицкоски: Погрeшно е што Заев прифати да се разговара за историјата и да се спориме за историски факти кои различно се толкуваат, ние се наоѓаме пред асимилација, која ќе престане само со пopaз на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.

Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев не смее да разговара со бугарските политичари за нешто за кое нема легитимитет, ниту политички стекнат преку избори, ниту пак од македонските граѓани. Ѓраѓаните на Република Македонија се наоѓаат во ситуација од која не знаат на каков начин може да се спречи целиот циркус кој Зоран Заев го приредува, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, Зоран Заев покрај тоа што преговарал во име на македонскиот народ, тој донесувал заклучоци без при тоа да разговара со политичките претставници во државата, бидејќи за круцијални прашања, одговорноста е голема.
Историските моменти кои можеби различно се толкуваат, не значи дека треба да се препуштат и да се остават на секој што ќе побара, знаејќи дека со тоа губи македонскиот народ и Македонија, додаде Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е сигурен во тоа дека овој процес на распродажба може да престане, но само на еден единствен начин, а тоа се парламентарни избори на кои Зоран Заев и СДСМ ќе доживеат дебакл, а потоа ќе ја препуштат државата на сериозни политичари.

Народот е обединет и тој застана во одбрана на своето. Револтот го искажа преку протести, блокади на улиците, преку реакции на социјалните медиуми и на уште многу различни начини, а тоа покажува дека на овој разуздан клан предводен од Заев му доаѓа крајот.

Избори мора да има и на истите избори народот ќе мора да одбере дали сака стабилна земја, земја на успеси и просперитет или земја која ќе тоне и понатака и покрај тоа што ќе губи граѓани кои ја напуштаат, ден по ден ќе губат и ден на сопствената историја, што претставува свесно самоукинување, заврши Мицкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This