Мисајловски: Јас не се срaмам од својата историја, нашите деца треба да учат историја во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во централниот дневник на ТВ Сител, коментирајќи ги изјавите на Мила Царовска за укинување на предметото историја и спојување на повеќе предмети во општествени науки, рече дека ништо не е случајно и побара да ја слушне фелата и наставниците и професорите по историја, како и синдикатите што тие мислат за овој нов концепт кој што го нуди власта.

-Па ништо не случајно. Добро е да излезе фелата, јас сакам сите наставници што предавале историја да ги слушнам, сакам сите оние кои што се борат за образование, сакам синдикатите да ги слушнам, за да не излегува само од политичките партии она што го говориме. Ова веќе се збори подолго време дека оние планираат да направат нов концепт, и добро вие кажавте, да оние од следната година затоа што го менуваат начинот на целиот концепт на образование, а тоа значи дека ние утре, односно нашите деца дали ќе учат предмет историја заедно со општествени науки или тоа ќе биде само едно делче каде што ќе се изучуваат одредени сегменти од нашата историја. Дали оваа комисија која што моментално преговара дали е нивен став, тоа треба да го каже власта, дали они сугерираат на вакво нешто? Дали не треба ние да знаеме што се случувало периоди во годините во историјата, затоа што знаете дека слушнавме еден куп невистини за македнската историја, па дури лицитираат која војна кога почнала, кој бил на една страна итн. Можат да ни помогнат и челници од Европската унија со нивни историчари да се види кој бил во Првата Светска војна, во Втората Светска војна на една страна, на друга страна, а не ние да се срамиме затоа што сме биле на победничката страна, вели тој.

Мисајловски е дециден и вели дека тој не се срами од својата историја и смета дека децата треба да ја изучуваат македонската историја.

-Јас не се срамам од својата историја и нема да се срамам и мислам дека гордост е нашите дечиња да ја учат македонската историја, посочи тој.

Според него, добро е што дел од коалициските парнтери не се сложуваат со она што го прави Зоран Заев или како што го нарече трговец поединец а тоа е распродажба на националните интереси.

-Денеска имаше добри дискусии од коалиционите партнери на СДСМ, каде што кажуваат дека не се сложуваат со распродавање на националните интереси и добро е да има лидерска средба, да има национален консензус итн. Значи и кај нив тлее ова, но причината е што Зоран Заев сака да биде трговец поединец и он да ги има сите конци. Ние како опозиција, како ВМРО-ДПМНЕ бараме македонски црвени линии да се сплотиме за прашања што никој не може да ги продава затоа што многу е лесно во политиката да најдете луѓе како Зоран Заев, тешко е да најдете луѓе кои што ќе се борат за Македонија и јас мислам дека ние сите треба да се бориме за Македонија, и кога ќе ги договориме тие црвени линии заедно да ги браниме насекаде, истакна Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This