МИЦКОСКИ СО НАРОДОТ ЗА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО: Власта го губи тлото под нозете и е во паника. Доаѓа период на промени, периодот кога власта ќе се соочи со народот кој жеcтоко ќе ги казни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во Берово, за големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

-Го посетив преубавиот манастир. Се видов со луѓето, им го честитав празникот, посакав среќа добро здравје, спокој во овие неспокојни времиња, правда над сите овие неправди, и добра мисла. Силно се чуствува незадоволството на народот од тешкиот живот. Да ги тргнеме на страна розевите очила на премиерот и неговата каста одбрани соработници. Денес вистината е дека Берово исто како и другите градови и села живее потешко од било кога. Своевремено имаме неколку парадокса на власта, имаме премиер кој ни вели дека блескаме во време кога имаме црна сиромаштија. Имаме премиер кој ни вели дека теш ко му паѓало што читал лажни вести, а тој и неговите луѓе секојдневно не потрупуваат со лаги и конструкции, истакна тој.

Мицкоски зборуваше и за власта, за која посочи дека е дезориентирана и паѓа.

-Имаме премиер кој вели дека се бо ри за правда а всушност имаме неправда, зошто пред се „Рекет“ прерасна во операција за спас на главата на октоподот.

Имаме премиер кој вели дека ова било економска година, а во реланоста за 7 месеци имаме капитални инвестиции од мизерни 24 осто. Имаме премиер кој вели дека ќе сме имале реформирано образование а всушност имаме земја без ниту еден универзитет во топ 1000. Ова говори дека власта е дезориентирана и дека паѓа.

Ништо не им оди од рака. Власта го губи тлото под нозете и е во паника. Доаѓа период на промени, периодот кога власта ќе се соочи со народот кој жес токо ќе ги казни. Тоа време се ближи, а потоа ќе дојде период на обнова и развој, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This