МИЦКОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ИВАНОВ: Претседателот постапи правилно, државнички и патриотски – онака како што би постапил секој родољуб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Претседателот Иванов е последниот браник на заштита на Уставот на Р.Македонија. Се заколнал пред истиот, бил избран од 538.000 граѓани дека ќе го штити Уставот на Р.Македонија и претседателот Иванов постапи онака како што треба секој родољуб кој што си ја сака државата и кој што се грижи за националните и државните интереси, односно, со забелешки аргументирани, го врати истиот во Собранието“ – рече Мицкоски на прашањето за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ го поддржува претседателот на државата во потезите кои ги влече по однос на договорот.

Јасно и гласно кажа зошто не го потпишува законот, додаде лидерот на опозицијата, додавајќи дека сака да слушне аргументирано мислење од професорот Шкариќ кој ја убедуваше јавноста дека непотпишувањето на капитулантскиот договор би било прекршување на Уставот од страна на претседателот Иванов.

Тој го повика Шкариќ самиот да ги погледа сопствените книги и писанија кои ги напишал на оваа тема и по прашањето на името, и го повика да му даде размислување за тоа како изгледале процедурите и кршењето на Уставот кога се носел законот за ратификација на Договорот од Преспа.

Шкариќ беше меѓу првите кои ја потпишаа кандидатурата за претседател на претседателот Ѓорѓе Иванов, додаде Мицкоски.

Не само што постапи правилно, додаде Мицкоски, туку постапи и државнички, постапи патриотски. Она што некој друг не успеа да го заштити, претседателот Иванов успеа да го заштити, заклучи Христијан Мицкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This