МИЦКОСКИ: Филипче го прогласија витез, нека внимава да не стане џeлaт и Kомисијата за зaразни болести нека не трепи политички пpитиcok

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија “Топ тема” на Телма телевизија лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази сомнеж околу тоа зошто министерот за здравство Венко Филипче би сакал да ја продолжи вонредната состојба и посочи дека неговите мотиви се можеби политички.

-Јас во лекарот Филипче имам доверба. Но, ова е политичко барање. Зошто? Затоа што вие неможете да зборувате за избори, а истовремено да барате продолжување на вонредната состојба. Тие две работи не идат паралелно. Тие две работи се контрадикторни. Ќе разберев ако одевме со наративот “ја победивме пандемијата, херои сме” и така нататаму и се ќе беше во ред. Немаме луѓе кои што го губат животот, процентот на новозаболени е под 3 отсто и тогаш да, дајте луѓе да зборуваме за датум кога ќе се одржат изборите. Затоа велам тоа што го збори Филипче е лицемерије. Јас немам дилеми во неговата стручност, но за жал Филипче плови во води и заедно со претседателот на СДСМ прават грешка. И се плашам дека од епитетот витезот, да не го добие епитетот џелатот. Бидејќи коментарите денеска не се баш такви какви што беа пред еден месец. И би го советувал да се држи до епитетот витесот, бидејќи сепак тие луѓе се лекари и тие луѓе треба да спасуваат човечки животи, а не да туркаат политички платформи, дециден е Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This