Мицкоски: Филипче дa изнece дeтaли штo дoгoвopил зa вakцинитe co Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побара од министерот за здравство, Венко Филипче, да изнесе конкретни детали за договорот со Бугарија за донација на вакцини против Ковид-19 истовремено со нивното пристигнување.,

„За пофалба е сечиј труд, што поскоро да се дојде до вакцината за COVID за што повеќе македонски граѓани, дури и преку помош од соседите! Само би сакал да го прашам Венко Филипче, што точно е договорено? Kога и колку вакцини можеме да очекуваме, за да може да се направи детален план?“ прашува претседателот на најголемата опозициска партија на Фејсбук.

Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Филипче вчера беше во Софија на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство, проф. Костадин Ангелов.

-На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението, изјави министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.

Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.

– Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ, рече министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This