Мицкocки до швајцapската амбасадopка: Co СДCM ceкој дeн е цpн зa Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со членот на Извршниот Комитет, Стефан Андоновски денес (08.10.2020) остварија средба со швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19, соопштија од партијаа.

Во соопштението се вели дека од страна на Мицкоски на средбата било потенцирано дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот.

– Мицкоски истакна дека покрај тоа владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок. Претседателот Мицкоски укажа и на извештајот на Европската Комисија во кој се нотирани слабостите, но и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Беше посочено дека ЕК забележува дека власта не се справува со корупцијата која е навлезена во секоја пора од општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму се потенцира дека Мицкоски нагласил дека во земјава а нарушено владеењето на правото, се злоупотребува европското знаменце како на пример за законот за марихуана, додека криминалот и немањето на одговорност за застапени како никогаш досега.

– На средбата од страна на Мицкоски беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои не очекуваат периодов. Мицкоски додаде дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и можат Македонија да ја вратат на вистинскиот пат, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This