Мицотакис: Отворањето на ЕУ кон Западен Балкан e историска мисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, истакна дека отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е свесен политички избор, туку дека е и историска мисија која брзо треба да почне.

Говорејќи за надворешната политика на Грција, Мицотакис се осврна на односите со Турција, на источниот Медитеран, но и на регионот.

Како што знаеш пријателе Шарл, нашата земја беше прва од југот на Европа и прва балканска земја што беше примена во заедницата. А од нашите претседателства, двете се идентификуваа со проширувањата. Затоа, отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, секако секогаш во согласност со европското демократско законодавство – изјави Мицотакис.

Грчкиот премиер и претседателот на Европскиот совет, во изјавите по средбата ја истакнаа важноста на европскиот дигитален сертификат, кој претходно беше и официјално презентиран, а говореа и за Фондот за закрепнување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This