Мишел: Не смееме да си играме pyски pyлет со човечки животи, ова е зakaна за цивилната авијација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако разговараше за инцидентот со авионот „Рајанер“ во Белорусија, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел изјави дека „рускиот рулет не смее да се игра“ со човечки животи и дека се создава закана за цивилната авијација.

„Тоа е закана за цивилната авијација. Ние нема да го прифатиме обидот да играме руски рулет со животи на луѓе кои не се виновни за ништо. Она што се случи е неприфатливо. Нашата реакција е во согласност со сериозноста на ситуацијата“, рече тој.
Откако ја разгледаа ситуацијата во врска со Белорусија, лидерите на ЕУ одлучија да ги забранат летовите на белоруските авиокомпании во воздушниот простор на ЕУ. Во соопштението се повикуваат европските авиокомпании да избегнуваат летање над Белорусија. Исто така беше побарано да се забрза воведувањето санкции против физички лица и компании во Белорусија поради споменатиот инцидент.

Одлуката на Европскиот совет сега бара техничко одобрување на министерско ниво.

Сепак, праксата на присилно слетување на авиони се случуваше и порано. Најзначајниот случај беше принудувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да слета во Виена во 2013 година. Причина за тоа беа гласините дека поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден , кој е обвинет за откривање на државни тајни во САД, е во авионот заедно со претседателот .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This