МЛАДЕНЦИТЕ БЕСНИ НА ФОТОГРАФОТ: Цела свадба фотографирал задници, шлицеви и деколтеа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На сите младенци фотографиите од нивната свадба им се многу важен дел. од најубавиот ден од нивниот живот.

Но, Стеф и Пол Унвин биле толку многу разочарани од нивниот фотограф што завршиле на суд. Буквално секоја трета фотографија беше замаглена, а да биде уште полоша ситуацијата, фотографот направил повеќе фотографии од девериците отколку од младенците.

Фотографот Дејвид Килкурс направил само 11 фотографии од младенците, 70 од невестата, ниту една од родителите на младенците и 96 фотографии од девериците.

Кога тие помислиле дека не може да биде полошо, забележале многу фотографии со несоодветни кадри од задниците на девериците, од нивинте деколта и слично.

Фотографот се бранел дека времето не било соодветно и дека младенците ги сечеле фотографиите да изгледаат дека само девериците се на нив.

Младенците му платиле на фотографот за услугата 620 евра, а разочарувањето пристигнало заедно со првите примероци од фотографиите.

„Кога добивме дел од фотографиите му реков ‘Дали ова се сите фотографии, бидејќи сум многу разочарана?’ Тој се сврте и ми кажа дека направил илјадници фотографии. Кога го добивме сите фотографии имаше вкупно 1.636, од кои 559 беа замаглени. Тој рече дека тоа се ‘грешки’. Немаше ниту една од сватовите, нашите родители, но од двете деверици имаше скоро 100 фотографии.“, вели невестата, Стеф.

„Знам дека фотографирањето се интерпретира различно од различни луѓе, но кога правите три последователни фотографии од нечиј задник, тоа не може да биде случајност.“, додава разочараната невеста.

Фотографот Дејвид се жали дека му го уништиле бизнисот и дека од 1000 ангажмани добила само 10 поплаки, за кои не бил тој виновен, туку зависело од вкусот на луѓето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This