МНОГУ ВИЦКАСТ ОВОЈ РАШКОВСКИ: Ген.секот на Влада и другарче на Заев, на ФБ се исмеваат со седумдесет вработени на кои ќе им го земат лебот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога генералниот секретар на владата, чисти подруми, гаражи, пере автомобили и дислоцира депонии, некој ќе помисли дека од тоа не може да биде посмешно. Но, на изненадување на сите, не толку вицкастиот, а сепак препотентен генерален секретар, на својот ФБ профил одлучи да ни покаже нешто „смешно“, исмевајќи се со луѓето кои решил да ги избрка од работа

 

За Рашковски и Заев, перфектно е интересно и смешно тоа што седумдесетина луѓе ќе останат без лебот кој чесно си го заработувале, само затоа што СДС треба да ослободи работни места за партиските војничиња, кои во изминатите две години плукаа, вандализираа и палеа по улиците на Скопје.

 

Не само што ген.секот на владата се исмева со вработените кои сака да ги избрка од работа, туку другарчето на Заев, Рашковски дополнително вршел мобинг на вработените во Владата, принудувајќи ги своеволно  да потпишат изјави дека не оделе на работа, а добивале плата за што бил одбиен.

Имено посочените вработени, најголем дел Роми, Срби, Власи, Бошњаци и Турци потпишале изјава дека редовно оделе на работа и дека извршувале работни активности.

-Рашковски не престанува со заканите на дневна основа. Тој покрена дисциплинска одговорност за да не избрка од работа, но поради  изборниот период тоа беше стопирано. Многу јасно е дека се работи за партиска чистка односно да се ослободи простор за нивни партиски кадри. Јас како Ром сум обесправен и мислам дека тука се работи за дискриминација, се зборува за нас, а од некои етнички заедници не се чепкаат, изјави вработен во Владата.

Тие посочија дека се подготвени да одат до крај и доколку е потребно правдата да ја побараат и на суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This