МНОГУ ГИ БИВА: Шилегов и Богдановиќ 200 метри тротар го прават 3 месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долж улицата Даме Груев во центарот на Скопје тротоарите три месеци стојат раскопани. Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на Општина Центар Саша Богдановиќ на 5 јануари се пофалија дека почнале со градежни работи за ослободување на тротоарите на овој дел од паркирани коли, објави СДК. Најавија дека ќе биде изведена велосипедска и пешачка патека, а за да не се паркираат коли ќе се постават столпчиња.

Откако асфалтот беше ископан поминаа три месеци, а велосипедска патека уште нема. Тротоарот е со земја и камења, а асфалт е поставен само на неколку метри на почетокот на велосипедската патека.

Од Општина Центар велат дека не можеле досега да асфалтираат оти граѓаните кои живеат во околните згради се жалеле дека ќе немаат каде да паркираат.

Моравме најпрво да најдеме решение за паркирање на станарите, па потоа овој потег да го ослободиме за велосипедисти и пешаци, велат од Општина Центар, но не објаснуваат зошто не постигнале договор со станарите пред да ги раскопаат тротоарите за да можат граѓаните непречено да се движат.

Од Град Скопје, пак, имаат друго објаснување зошто и после три месеци тротоарите се раскопани и неасфалтирани. Велат дека на пазарот немало битумен за производство на асфалт и затоа не можеле досега да завршат со градежните работи.

Додека во Скопје три месеци Градот реновира тротоар од 200 метри и нема механизација и пари да исчисти депонија во центарот, градоначалникот Петре Шилегов во петокот во Сараево, учествувајќи на Самитот на градоначалници на главни градови на Југоситочна Европа, се пофали дека Скопје ќе го направи зелена престолнина и паметен град.

-Со реализација на проектот „Паметен град“, Скопје ќе стане модерна престолнина, каде што основен двигател се напредните информатички технологии. Крајната цел е граѓаните да добијат ефикасни и евтини јавни услуги, со целосен увид во перформансите на градската администрација. Работиме на воспоставување концепт на централен комунален сервис кој има за цел да им овозможи на граѓаните простор каде што ќе можат да пријават проблем поврзан со комуналните услуги на градот Скопје и веднаш да добијат решение, кажа Шилегов на Самитот во Сараево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This