Моравме да чекаме два месеци за да дознаеме дали сме добиле син или ќерка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откривањето на полот на бебето е еден од најрадосните моменти за родителите. Без оглед дали тоа ќе го дознаат преку ултразвук или на самото породување, многу родители тој момент го паметат засекогаш.

Сепак, Џесика Гоноринг морала да чека два месеци од раѓањето на своето дете за да дознае дали тоа е машко или женско.

Нејзиното бебе е родено со ретко пореметување кое предизвикало малформација на гени*алиите, поради што докторите не можеле да го потврдат полот на новороденчето.

Триесет-годишната мајка од Бразил на своето бебе не можела да му даде ниту име се додека генетскиот тест не открил дека станува збор за девојче.

До тој момент Џесика ја нарекувала Емили бидејќи била убедена дека родила девојче, и била во право.

Мајката за една ТВ емисија изјавила дека докторите и пред раѓањето ја предупредиле за неодреденоста на полот на бебето.

– Кога бев бремена со својата прва ќерка Агата (6), полот го дознав додека бев бремена. Во текот на втората бременост докторите ме предупредија дека е можен деформитет на половиот орган. Ми кажаа дека можеби подоцна ќе дознаеме дали е момче или девојче. Нашата Емили е родена со деформитет кој го зафаќа уринарниот систем, мочниот меур и цревата и предизвикува малформација на гени*алиите, објаснила мајката.

Точната причина за овој деформитет не е позната. Педијатарот Линколн Рор вели дека Емили е родена без целосно формирани женски органи. Докторите морале да направат генетско тестирање кое било единствениот начин да се одреди полот на бебето.

– Чекањето беше многу стресно. Луѓето ми приоѓаа и ме прашуваа како се вика и дали е момче или девојче, а јас не знаев што да им кажам, се присети Џесика.

Малечката Емили ја очекуваат уште многубројни операции, особено во адолесцентниот период.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This