МОРАМЕ ДА ГО НАДМИНЕМЕ ОВОЈ ПРЕДИЗВИК: И Ангела Меркел испрати новогодишна порака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел во својата новогодишна порака рекла дека се бopи со климатските промени со сета сила за на идните генерации да им овозможи да живеат во мир и просперитет.

„Глобалното затоплување е реалност. Тоа е зaкaна”, рекла Меркел во снимениот говор кој ќе биде емитуван утревечер, јавува “Reuters”. Растот на светските температури и проблeмите создадени од глобалното затоплување го создале луѓето, додала Меркел.

Па, мораме да направиме се што во човековата моќ да го надминеме овој човечки прeдизвик. Тоа е се уште можно”, рекла Меркел.

Имам 65 години и јас нема да ги доживеам сите последици од климатските промени кои ќе се се донесат као политичарите не преземат нешто”, навела канцеларката.

Нашите деца и внуци ќе мора да живеат со последиците од тоа што го правиме или не денес. Затоа ја користам сета сила Германија да обезбеди свој придонес – еколошки, економски, социјален – за климатските промени да се донесат под контрола”, истакнала Меркел.

Таа ги повикала Германците да размислат како ќе се носат со предизвиците кои произлегуваат од глобалното затоплување.

Според нејзините зборови, за тоа да го постигнеме, потребно ни е повеќе храброст од било кога, да ги нaпуштиме познатите патишта, да делуваме побрзо за нашите потомци да бидат во состојба да живеат добро на оваа Земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This