МОРСКА ХРАНА, СКАПИ ПИЈАЛОЦИ: Лицемерите од СДСМ бараат граѓаните да донираат пари, а владата потоа набавува скапа храна и пијалоци за себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен морска храна, Владата направила набавка на скапи пијалоци во екот на eпидемија со koрона. Додека граѓаните и стопанството едвај врзуваат крај со крај, за владата на СДСМ не постои kpиза, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие парите ги трошат за набавка на 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ и вотка. Ова го набавуваат како продолжеток на досегашните милионски набавки на школки, шкампи, лигњи, октоподи и друга морска храна, но и апетисани, фстаци, лешници и бадеми.

Лицемерите од СДСМ бараат граѓаните да донираат пари, а владата потоа набавува скапа храна и пијалоци за себе. Македонија поради нивната неспособност и неодговорност е рекордер во регионот по cмpтност од кopoна вирусот, а здравствените работници немаат доволно маски, ракавици и медицинска опрема, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во првите 3 месеци од оваа година веќе имаат создадено долг од нови 120 милиони евра, односно 250 евра за секое семејство.

Стопанските субјекти се затвораат, а илјадници работници останаа без eгзистенција, но важно власта на Заев набавила октоподи, бурбони, фстаци и лигњи за себе. Секој денар во справувањето со економската и здравствената kpиза е неопходен и затоа мора веднаш да ја откажат оваа набавка, за да може средствата да завршат онаму кај што е најнеопходно, во здравството и стопанството, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This