МОСКВА ГИ ГУБИ НЕРВИТЕ: Време е конечно да се стави крај на циничното мешање на Вашингтон во туѓи работи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон и нивните парнтери ја пумпаат ситуацијата во Венецуела, поттикнуваат најрадикално расположение. Време е да се стави крај на тоа, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, коментирајќи го ултиматумот за вонредни избори кои западните земји пред неколку часа му ги постави на официјален Каракас


Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија соопштија дека имаат намера да го признаат претседателот на Националното собрание на Венецуела Хуан Гваида како привремен претседател на земјата доколку Венецуела во рок од осум дена не распише нови избори.

„Случувањата во Венецуела предизвикуваат се поголема загриженост. Од низа европски претстолнини пристигнуваат информации за ултиматум упатен кон легалните власти во Каракас дека во рок од осум дена треба да распишат ‘демократски, чисти и транспарентни’ избори. Тие барања се проследени со закана дека за нов шеф на државата ќе биде признаен опозиционерот Хуан Гваидо“, се наведува во соопштението.

Министерството особено обрнува внимание на тоа дека ултиматумот е временски подесен на неколку часа во очи на заседавањето на Советот за безбедност на ОН околу Венецуела на барање на САД.

„Позади тоа јасно се гледа ‘диригентската плака’ на Вашингтон. Она што се случува ја ескалира политичката ситуација во за нас пријателската Венецуела. Ситуацијата се подгрева однадвор, со стимулирање на најрадикално расположение. Се продолжува цинично, неприкриено мешање во внатрешните работи на суверени држави. Тоа мора да заврши“, се наведува во соопштението.

Министерството наведува дека Русија ја потврдува својата спремност да допринесе на тоа да се воспостави взаемно разбирање меѓу одговорните политички сили во Венецуела во интерес на зачувување на внатрешниот мир во земјата и што побрзо решвање на социо-економските задачи .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This