МОСКВА И ПЕКИНГ ГО ИСКЛУЧУВААТ ДОЛАРОТ ОД ТРГОВИЈАТА: Се поголем процентот на трговија во локални валути помеѓу Кина и Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва и Пекинг активно го отфрлаат доларот како платежно средство во билатералната трговија, како што обемот на размена помеѓу двете земји расте

Кина е најголем трговски партнер на Русија, со учество од околу 15% од меѓународната размена во последната година. Во јануари годинава, овој процент се зголеми на 17.2 проценти. Германија, која е втор најголем трговски партнер на Русија има учество со околу 8%.

Минатата година, билатералната трговија помеѓу Русија и Кина се зголеми за 31.5%, достигнувајќи 87 милијарди долари. Оваа година, се очекува да достигне 100 милијарди, според проценките на министерството за финансии на Русија.

Како што расте трговската размена, Русија и Кина исто така промовираат и плаќањата да се вршат во рубљи и јуани. Минатата година, 9% од плаќањата биле извршени во рубљи, а 15% во јуани.

Директните плаќања во рубљи и јуани не ги засегнува учесниците како Американските, Британските и Европските банки. Ова значително ја намалува контролата на Западот за меѓусебните трансакции, и го прави прометот помеѓу Русија и Кина независен. Дотолку повеќе, ваквите плаќања може да се прават без „SWIF“ преку Кинескиот меѓународен систем за плаќања.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This