МОЌТА НИКОГАШ НЕ Е ТРАЈНА: Некогаш моќниот српски генерал Момчило Перишиќ се возеше во тролејбус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патниците во белградскиот тролебусот 41 видоа несекојдневен приказ. Не очекуваа дека како редовен патник во јавниот градски превоз ќе го гледаат Момчило Перишиќ, поранешен српски генерал и еден од најмоќните луѓе во воените судири во поранешна Југославија 1991-1995 година.

Генералот Перишиќ од 1993 година бил началник на Генералштабот на војската на Југославија, патем и еден од најблиските соработници на Слободан Милишевиќ но, по завршувањето на војната и завршувањето на неговиот мандат во 1998 година тој ја менува страната, и станува дел од српската опозиција доживувајќи да му објавуваат документи дека соработувал со американската ЦИА.

И во опозицијата имал важна улога, па по превратот во Србија од 5 октомври 2000-та бил и потпретседател на владата кај тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Но, во март 2002 година владата на Демократите го апси заради шпионажа, а тој мора да даде оставка на вицепремиерската функција. Во март 2005 година Хашкиот трибунал подогнал обвинение против генерал Перишиќ за воени злосторства, но во 2013 година е ослободен од обвинението.

После се, сета моќ и сите врвни воени и политички функции, менувањето политички страни… денес генерал Момчило Перишиќ е само еден од патниците во белградскиот тролебус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This