Мукаетов повторно е избран за претседател на РФМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ја доби довербата на годишното Собрание на РФМ и ќе остане уште еден мандат на чело на федерацијата.

Првиот човек на РФМ беше единствен кандидат за функцијата и ја доби поддршката од сите присутни делегати, односно 51 од вкупно 54 колку што требаше да бидат на Собранието.

„Благодарам за поддршката и доверба и се надевам дека ќе продолжиме на истиот пат да работите за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет и да направиме нешто убаво за него. Ракометот е единствениот екипен спорт во сала, кој успеја сите планирани натпревари во сениорските лиги, од досегашниот тек на сезоната, вкупно 218 да бидат реализирани. Сите клубови сезонава беа ослободени од сите давачки и трошоците со исклучок на таксата за странски играчи согласно визијата на Федерацијата да се форсираат нашите играчи пред странците. Направени беа и 3.000 ковид-19 тестови на товар на Федерацијата “, изјави Мукаетов откако го доби третиот мандат.

Мукаетов го почнува третиот мандат на чело на РФМ, откако првиот го доби во март 2013 година.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This