Муцунски: Оваа Влада четврта година по ред ветува правда и правичност, а царува kopупцијата и правдата се спроведува врз сиромашните и оние кои не можат да ја купат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски истакна дека оваа Влада веќе четврта година ветува правда и правичност, а држава сме каде каде царува корупцијата, а правдата се спроведува врз сиромашните и оние кои не можат да ја купат, но тешко се испорачува врз економските моќници.

-И покрај советите на меѓународната заедница се наоѓаме во категорија на држави каде царува корупцијата и кадешто правдата се применува само врз сиромашните, слабите и често врз политичките неистомисленици, во пракса правдата се применува само врз тие кои не можат да ја купат, тоа го констатираат и претставниците на меѓународната заедница, а нашите граѓани секојдневно го чувствуваат. Оваа Влада веќе четврта година ветува правда и правичност, а патем и едно цело поглавје од нејзината програма од нејзината работа е наречена „Ред и правда“, ако ја отворите програмата ќе забележите дека иако е поминат една петтина од мандатот на Владата, а степенот на реализиција е во невидливи размери, критикуваше пратеникот Муцунски.

Муцунски вели дека во земјава правдата важи за Горан , Јане, Ацо и за сите осудени за 27-ми април, за кривично дело за кое сите веројатно во собраниската сала знаат дека дело со таква квалификација не сториле, но сепак издржуваат затворска казна од над 200 години, истовремено истата правда тешко е да се испорачува во однос на тие кои економски и финансиски ја опустошија нашата земја во последните 30-тина години.

-Во нормални европски услови кога ветувањата не се исполнети актуелната Влада треба да го врати мандатот кај граѓаните, за жал заради нискиот степен на политичка култура и отсуството на правда и правичност во ниту една област очекуваниот напредок не се движи во посакуваниот правец, истакна Муцунски.

Муцунски тврди дека оваа старо-нова Влада даде три амнестии за три години, и само ја зацврсти позицијата на прва држава меѓу последните во глобалните ранг листи за степенот на корупцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This