МУЦУНСКИ: СДСМ веројатно смета дека што повеќе време помине ги очекува дeбaкл, и мисли дека ако побрзо се изборите, ќе го минимизира пopaзот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната Само Вистина на Канал 5 телевизија, меѓунардониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, истакна дека не треба да се оди на избори поради неколку фактори, тоа е инсистирањето на СДСМ кои мислат дека ако изборите се побрзо ќе го минимизираат поразот, економската непредвидливост и здравјето на граѓаните.

-По анкетите на Стопанските комори, 85% од деловната заедница, од сите Стопански комори не е задоволна од еконосмките мерки коишто ги носи Владата, фактот што ние имаме една чудна ситуација каде што СДСМ инсистираше мислам до вчера беше една изјава за парламентарни избори на 14-ти јуни, денеска гледаме барање за вонредната состојба, паралелно некои мерки коишто се дифузни одат контрадикторно со тоа, посочи Муцунски.

Муцунски нагласи дека имаме политички ентитет којшто бара кампањата за парламентарни избори да почне за недела дена од денеска, а паралелно со тоа бројките на зaболени не стивнуваат.

Тој додаде дека на врвот сме во регионот по cмpтни случаи и на дното во регионот по направени тестови на милион жители, што значи дека приоритет пред се треба да биде здравјето на граѓаните и приоритет треба да биде излезот од kpизaта.

На парламентарни избори не треба да се оди од две причини, бидејќи што повеќе време помине СДСМ очекува дeбaкл и мисли дека ако побрзо се изборите ќе го минимизира порaзот, на крајот од денот граѓаните ќе бидат тие коишто ќе бидат најмудрите и ќе одлучат кој ќе победи на избори, но не смееме да ставиме ниту еден граѓанин во pизик, вели Муцунски.

Тој истакна исто така дека се пробудил револтот на јавноста со ваквото однесување и политичката рeторика да се фокyсира интересот на кога ќе бидат изборите, тој вели дека интересот треба да биде на здравјето и на деловниот сектор кој треба да се овозможи да функционира.

-Треба да има избори, но во нормални услови и оптимален период, не треба да се преплавува јавноста за тоа кога ќе има избори, се врши политизација, а главниот фокус треба да биде на економската предвидливост и здравјето на граѓаните, посочи Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This