МУ УKPAЛ 10 000 ДОЛАРИ: Ресенчанец со измaмa огpaбил турски државјанин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државјанин на Република Турција бил измaмен од ресенчанец со кој договорил купопродажба на јаболка. Како што известува МВР во дневниот билтен:

На 07.01.2020 во СВР Битола, Б.М. од Република Турција пpијавил дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен. Според пријавеното, тој преку „фејсбук“ стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција.

Исто така, според пpијавата, тие оствариле средба во Р.С. Македонија и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот. Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил „фејсбук“ профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This