Мapш за cлободa и еднaкви пpaва: И вечерва во Струмица пpoтест пpoтив мерките за Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под мотото „Марш за слобода и еднакви права“, вечерва во Струмица се одржа втор протест против мерките за Ковид-19.
Со извици „Сакаме слобода“ и „Мое тело, мој избор“ учесниците во протестниот марш најпрвин се заблагодарија на медицинскиот персонал за нивниот ангажман во борбата против пандемија, но и ги повикаа и да се приклучат на протестот.
Како што беше кажано, тие имаат четири барања до Владата и се додека не биде исполнето и последното нема да отстапат.
-Да се почитува правото на слободен избор и ги отфрламе сите мерки за селективост и кон вакцинираните и кон невакицинираните, а одлуката за вакцинирање мора да биде индивидуална, да не се спроведува никаква програма врз децата за имунизација во образовниот систем без писмена дозвола од родител или старател и работното место да не биде услововувано со вакцинација, беше речено на вечерашниот протест.
И пред седум денови имаше протест на граѓите во Струмица против мерките за заштита од Кови -19 и тогаш беа истакнати истите барања

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This