April 27, 2024, 10:37 pm

Мeшaњeто на моделите за справување со виpycот направи тотален хaoc, никој не верува во бројките, се кpијaт податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рашела Мизрахи, поранешниот технички министер за труд и социјална политика, сега кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, синоќа во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, во однос на ситуацијата со вирусот критикуваше за мешање на моделите за справување со коронавирусот на здравствените власти кои, како што вели, направиле хаос во состојбата со вирусот.

-Ова е мешање на модели за справување од кои се направи хаос, генерално народот не верува на бројките кои ги слушаме секој ден, на бројот на заболени и смртни случаи, се верува дека се кријат податоци, тотално хаотична ситуација, вели Мизрахи.

Таа вели дека не верува дека ова е втор бран, верува дека ова е прв бран, како и тоа дека ако власта веќе решила да оди на спонтана имунизација на населението, треба да се направи анализа, да се видат капацитетите во првостепеното, секундарното и терцијарното здравство, како и помошниот персонал, како и она што се располага од опрема, да се направи план за да може да се очекува и тој втор бран.

-Во овој момент со над 700 медицински работници заболени од Ковид ние немаме шанси да се справиме со никаков бран, ни овој, ни наредниот, потенцираше Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This