Над 70% од граѓаните гласаа за предлогот на Путин за измена на Уставот на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

71,46 проценти од руските граѓани гласаа за измените во Уставот на Русија, додека 27,55 проценти од граѓаните беа против, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија, по обработката на 15 проценти од материјалот за гласање.

Според ЦИК на Русија, вкупниот број на гласови за измените на Уставот на Русија бил 64,99 проценти од вкупното гласачко тело.

На гласачкото место во Руската академија на науките, рускиот претседател Владимир Путин денеска гласаше и за измените на Уставот.

Гласањето за измени во Уставот на Руската Федерација беше закажано за 22 април, но тоа беше одложено поради епидемијата на вирусот корона. Подоцна, рускиот претседател Владимир Путин постави нов датум на гласање – 1 јули. Сепак, како резултат на епидемиолошката состојба во земјата и безбедноста на граѓаните на Русија, беше можно да се гласа за измени во Уставот цела недела – од 25 јуни до денес.

Во јануари 2020 година, Претседателот на Русија предложи измени во основниот закон на земјата, што ќе го направи овој документ повеќе усогласен со современите потреби. По дискусијата на работната група за измените, Државната Дума на Русија го усвои нацрт-законот даден од Путин на 11 март. Во истиот ден, предлогот беше одобрен од Советот на Федерацијата. После тоа, рускиот претседател потпиша указ со кој се уредува гласањето за измените на Уставот да биде на 22 април, но овој датум подоцна беше одложен поради пандемија на коронарен вирус.

Сегашниот Устав беше усвоен во 1993 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This