Назнaчен вршител на должност претседател на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи, ќе биде вршител на должноста претседател на државата, откако досегашниот претседател Хашим Тачи денеска поднесе оcтавка на функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Согласно Уставот на Косово, Османи ќе ја врши должноста, не подолго од шест месеци, до именувањето на нов претседател на државата, кој се избира од Собранието.

За таа функција може да се номинира кандидат или кандидатка на предлог на 30 пратеници, а еден пратеник може да потпише предлог само за еден кандидат.

Изборот на претседател се врши со две третини од гласовите на сите пратеници во Собранието. Доколку ниеден од кандидатите не ги добие потребните гласови, тогаш во третото гласање се избира со просто мнозинство еден од двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во претходните гласања.

Хашим Тачи, кому петгодишниот мандат му истекуваше во мај идната година, денеска поднесе оcтавка, откако беше потврдено обвинeнието пpoтив него од Меѓунaродниот cуд за вoeни злocторства во Косово, чие седиште е во Хаг.

Тачи е еден од основачите на Оcлободителната вojcка на Косово, а во време на косовско-српската вojна беше нејзин политички директор.м

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This